Брошура за ученици и родители

Визија и Мисија на ОУ Б.Конески-Прилеп

МИСИЈА:

Училиштето е јавна воспитно образована институција во која учениците се стекнуваат со квалитетни знаења. Нуди добри просторни услови и опремненост. Подготвено е да прифаќа промени, отворено е за соработка и добра комуникација со родителите, институциите и локалната средина.

ВИЗИЈА:

Училиштето ќе биде посакувана средина во која учениците напредуваат според своите индивидуални способности со почитување на детската личност. Ќе се негува позитивна училишна клима, професионализмот во работата и градењето на демократски односи.

Наставен, раководен и друг стручен кадар

Во училиштето се вработени: директор, заманик директор, педагог, психолог, библиотекар, 34 предметни наставници, 21 одделенски наставник и 14 администартивно-технички и помошен персонал. Според степенот на образование сите наставници ги задоволуваат законските одредби за изведување на настава.

Ученици и паралелки

Оваа учебна година во училиштето се запишани 951 ученици распределени во 39 паралелки. За паралелките со помал број на ученици е побарана согласност од Министерството за образование и наука.

Наставата се изведува на македонски јазик, а од странските јазици ќе се изучуваат Англиски јазик од 1-во до 8-мо одд., Германски јазик од 6-то до 8-мо одделение и Француски јазик во 6-то одделение.

Текстот прикажан погоре е само дел од Брошурата, целосна верзија е достапна во документ во PDF формат, кликнете на сликата подолу за да го превземете.