Распоред за одржување на дополнителна и додатна настава - 2014/15

Распоредот за одржување на дополнителна и додатна настава во ООУ “Блаже Конески“ за учебната 2014/15 година може да го преземте од следниот линк.

Известување - ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2013/14

Ги известуваме учениците од осмо одделение дека врз основа на правилникот за Пофалби ни награди на ООУ Блаже Конески оваа учебна година во осмо одделение започнува процедурата за прогласувањето на ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА.

Целата содржина на известувањето можете да ја прочитате од следниов линк.

Скратени часови

Од утре 08.02.2012 год.- Среда до Петок 10.02.2012год. часовите во основно ќе траат по 25 минути.

Првата смена за основно ќе започнува во 8 часот додека втората смена во 11.30.часот

ХПВ вакцина

Им се соопштува на одделенските раководители од 6 (9) и 7 одделение да ги соберат доставниците за ХПВ вакцината преку учениците што треба да се прими во најскор можен рок; најдоцна до овој Понеделник 06 Февруари 2012 годи да ги достават назад кај педагошко- психолошката служба

  • 6/1 - Ефимоски Ицко
  • 6/2 - Бабаноски Бранко
  • 6/3 - Темелкоска Ристеска Павлина
  • 6/4 - Николоски Тони
  • 7/1 - Кочоска Валентина
  • 7/2 - Бузеска Лилјана
  • 7/3 - Спиркоска Милка
  • 7/4 - Христовска Виолета
  • 7/5 - Андоноски Петар

ХПВ вакцина

Се известуваат девојчињата од 7 и 8 одделение кои не примиле ХПВ вакцина да се јават во соба бр 48- Здравствен Дом- Прилеп од 8-13 часот на 8 и 9 Февруари 2012 год. за да ја примат истата - бидејќи ХПВ вакцината е редовна и задолжителна со закон за сите девојчиња од 12 до 14 години.

Се задолжуваат одделенските раководители на 7 и 8 одд да ги известат девојчињата!

  • 7/1 - Кочоска Валентина
  • 7/2 - Бузеска Лилјана
  • 7/3 - Спиркоска Милка
  • 7/4 - Христовска Виолета
  • 7/5 - Андоноски Петар
  • 8/1 - Неделкоска Марија
  • 8/2 - Магдеска Марга
  • 8/3 - Клекачкоски Благоја
  • 8/4 - Антулеска Васе

Избор на точки за прославата за патрониот празник

Изборот на точки за прославата за патрониот празник ќе се случува на ден 6 Декември 2011 год.- Вторник со почеток во 11 часот во просторијата по ФЗО од страна на комисија во состав:

  • Прангоски Ристо;
  • Ефремоска Биљана;
  • Неделкоска Марија;
  • Христовска Виолета;
  • Бузеска Лилјана;
  • Мургоска Бети;
  • Ангелеска Евгенија;
  • Ристеска Мартина;
  • Дичоски Драшко;
  • 10. Црвенкоска Весна
  • Тутеска Блага
  • Смугреска Дијана
  • Стевавнанџија Габриела
  • Ристеска- Проданоска Наташа- компјутерска поддршка;
  • Богојевски Оливер- компјутерска и техничка поддршка

Сите кои спремаа точки задолжително да присуствуваат.

СООПШТЕНИЕ - Ден на дрвото

  • Утре, 23 Ноември 2011 год- Среда е денот на дрвото.
  • Одделенските наставници од 7 И 8 одделение да одберат по 10 ученика од секое одделение; ќе се оди на пошумување во месноста Песјобрдце во групи со автобуси.
  • Тргнувањето е во 9 И 11 часот.
  • Учениците со одделенските раководители од 7 одд ќе тргнуваат во 9 часот на пошумување а од 8 одделение учениците ќе одат во 11 часот нап ошумување.Мотики обавезно да се носат.
  • Одделенските раководители од 7 и 8 одд. да достават конечен список на ученици кои ќе одат на пошумување.
  • Останатите ученици ќе ги средуваат училниците соодветно и треба да дојдат на училиште во 08 часот со соодветен прибор и средства за работа да ги средат секое одделение својата училница.
  • Денот е ненаставен ден, не се одработува, а се пресметува во вкупниот број на наставни денови.

СООПШТЕНИЕ - Безбедност

Им се соопштува на сите ученици да ја избегнуваат и да не се приближуваат до ископаната дупка за резервоарот за котларата додека истата да се затрупа откако ќе се постави резервоарот заради општа безбедност и сигурност.

СООПШТЕНИЕ - Генерална проба за Смотрите

Генералната проба за смотрите ќе се изведе на ден 09.05.2011 год- Понеделник во 11 часот и 30 минути во училницата за по ФЗО.

Се покануваат сите кои спремале точки да настапат.

Комисијата за избор на точки ќе биде иста како и минатогодишната.

Изборот на точки нека биде квалитетен како и секогаш.

Програмата да не биде предолга.

СООПШТЕНИЕ - Кино претстава и Смотри

Се известуваат сите ученици и вработени дека ќе се изврши посета на кино претстава НАРНИЈА во Домот на културата Марко Цепенков на ден 06 Мај 2011 год- Петок, со почеток во 11 часот и 30 минути.

Смотрите се закажани за на ден 18 Мај 2011 год- Среда во 19 часот и 30 минути, а генералната проба за смотрите е истиот ден во 10 часот.

Спремајте квалитетни точки како и секогаш; програмата да не е подолга од саат и пол.

Терминот за избор на точките ќе биде накнадно објавен.

СООПШТЕНИЕ - Фотографирање

Фотографирањето за учениците ќе се одржи на ден 16 Април- Сабота во канцеларијата на директорката со одделенските раководители и тоа по следниот распоред:

  1. 8/1 одд. со Милева Спасеска од 10 до11 часот;
  2. 8/2 одд. со Мојсоска Весна од 11 до 12 часот;
  3. 8/3 одд. со Димоска Наде од 12 до 13 часот;
  4. 8/4 одд. со Ристеска- Проданоска Наташа од 13 до 14 часот.

Уплатите да започнат веднаш на сметката 787 на училиштето.