Ден на дрвото - есен 2014

Документот со соопштението може да го преземите од следниот линк.

СООПШТЕНИЕ - 22.10.2014

Документот со соопштението може да го преземите од следниот линк.

Распоред на часови - 2014/15

Распоредот на часови за предметна настава за 2014/15 год. може да го преземете од следниот линк.

Распоредот на часови по предметот Природни науки во О.У. „Блаже Конески“ – Варош може да го преземете од следниот линк.

Распоред за одржување на дополнителна и додатна настава - 2014/15

Распоредот за одржување на дополнителна и додатна настава во ООУ “Блаже Конески“ за учебната 2014/15 година може да го преземете од следниот линк.

Известување - ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2013/14

Ги известуваме учениците од осмо одделение дека врз основа на правилникот за Пофалби ни награди на ООУ Блаже Конески оваа учебна година во осмо одделение започнува процедурата за прогласувањето на ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА.

Целата содржина на известувањето можете да ја прочитате од следниов линк.

Распоред на часови - 2013/14

Распоредот на часови за предметна и одделенска настава за 2013/14 год. може да го преземете од следниот линк.

Правилник - интерно

П Р А В И Л Н И К

за начинот на проверување на објективноста на наставникот при оценувањето на постигањата на успехот на учениците по наставните предмети со кои учениците се стекнуваат со вештини, односно по наставните предмети за кои не може да се врши екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците во основните училишта.

повеќе...

СООПШТЕНИЕ - Химна на училиштето

Се покануваат следните вработени:

  • Прангоски Ристо
  • Ефремоска Биљана
  • Неделкоска Марија
  • Бузеска Лилјана
  • Трпкоска Лилјана
  • Смугреска Дијана
  • Црвенкоска Весна
  • Талеска Викторија
  • Бошкоска Ана
  • Стевананџија Габриела
  • Белокоска Сузана
  • Мургоска Бети
  • Христовска Виолета
  • Јонческа Катерина
  • Котеска Лидија
  • Николоски Тони

на состанок кај директорката на ден 01.02.2012 год- Среда во 11 часот и 45 минути заради изработка на предлог концепт за подготовка на химна на училиштето.

Присуството е задолжително.

СООПШТЕНИЕ - Предавање

Им се соопштува на сите наставници дека на ден 25 ти Ноември 2011 год- Петок во 11 И 45 часот во наставничка канцеларија ќе се одржи презентација на тема: Со едукација и знаење до превенција од сексуална злоупотреба/педофилија.

Се задолжуваат сите наставници без исклучок, да присуствуваат на истата.

СООПШТЕНИЕ - Годишните планирања

Се задолжуваат сите одделенски и предметни наставници годишните планирања со интегрирана Еколошка програма по наставни единици вметнати во нив- како и програмите за изведување на екскурзии од 3, 6 и 8 одд. да се достават најдоцна до 15 Септември 2011 год.

СООПШТЕНИЕ - Осигурување

За учебната 2011/2012 год ќе се врши осигурување на учениците. Одделенските раководители да состават списоци на ученици кои ќе се осигураат и да ги запишат оние ученици кои нема да се осигураат и да се достават до благајната на училиштето.

Цената на осигурувањето како и самата осигурителна компанија ќе биде накнадно утврдена по изборот на најниската цена од најповолниот понудувач од постапката која ќе ја спроведе Комисијата за јавни набавки.

СООПШТЕНИЕ - Наставнички совет

На 31.08.2011год. (Среда) ќе се одржи Наставнички совет со почеток во 09.00 часот. Со следниот предлог:

Д н е в е н р е д

  1. Утврдување на паралелките, распределба на наставните часови, одделенски раководства, одговорни на ученички организации, на слободни активности дополнителна и додатна настава
  2. Укажувања за средување и водење на педагошката евиденција и документација
  3. Разгледување на Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2011-2012 год.

СООПШТЕНИЕ - Учебници

Се известуваат сите наставници и од одделенска и од предметна настава најитно да си ги подигнат учебниците од кај директорката и од кабинетчето до Физика со библиотекарката за да можат истите да се поделат првиот училиштен ден заради непречено изведување на воспитно- образовниот процес.

Исто така сите недоследности и недостатоци по учебници да се запишат на посебен лист за да ги испратиме до МОН за да се корегираат грешките.

ЗАДОЛЖЕНИЕ - Педагошката документација

Се задолжуваат сите наставници и од одделенска и од предметна настава уредно да ја водат и да ја комплетираат педагошката документација и евиденција - а во прилог е даден записникот со укажувања од проверката на Државниот Просветен инспектор Лилјана Ивановска.

СООПШТЕНИЕ - Оштетени учебници

Ве известуваме дека согласно Член 25 став 3 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на РМ“ бр.98/2008 и 99/2009 год.), средствата за надомест на оштетените учебници треба да се уплатат на ПП – 50 образец (кој е во два примерока), на следните сметки:

Основна сметка на Буџет на Република Македонија

  • 100 000000063095;
  • Сметка на Буџетски корисник
  • 1600100329 631 36;
  • Приходна шифра – 723119
  • Програма 20,
  • во цел на дознака: надомест за оштетени учебници за основно образование

Ве молиме да го зачувате заверениот примерок како доказ за уплатените средства!

Ценовник за оштетени учебници за основно образование

СООПШТЕНИЕ - Крај на учебна 2010/11 година

  • Одделенските совети за 8 одд. ќе се одржат на ден 9 Јуни 2011 год- Четврток со почеток во 12 часот во наставничка канцеларија;
  • Наставнички совет за утврдување на успехот на учениците од 8 одд. ќе се одржи на 13 Јуни 2011 год- Понеделник во 8 часот;
  • На ден 15 Јуни 2011 год- Среда, да се одржат родителски средби во термини по избор за известување на родителите за успехот на 8 одд;
  • На ден 16 Јуни 2011 год- Четврток, се доделуваат свидетелствата за 8 одд со почеток во 9 часот; уплатите по сите основи за 8 одд. да се подмирени,
  • На ден 17 Јуни 2011 год- Петок сите одделенски раководители од 8 одд. да бидат во училиште за да не има затреба на 8 одд. некаква корекција во свидетелствата;
  • Се забранува и најстрого ќе се казнува собирање на пари за куцање на свидетелствата; одд. раковидители тоа да го сторат секој за своето одделение;
  • За останатите ученици, одделенски совети на ден 13.06.2011 година- Понеделник и тоа за одделенска настава во 9 часот;
  • за 5 и 7 во 10 часот ; и за 6 одд. во 11 часот
  • Продолжителна настава по било кој предмет да се изведува од 13 до 17 Јуни 2011 год;
  • Во Петок, на 17 Јуни 2011 год. во 12 часот се одржува одделенски совет по продолжителната настава
  • На ден 20 Јуни 2011 год- Понеделник, во 8 часот, ќе се одржи наставнички совет за утврдување на успехот за учениците од 1- 7 одд.;
  • На 23 Јуни 2011 год- Четврток во термини по избор да се одржат родителски средби за учениците од 1-7 одд. за известување на успехот;
  • На 27 Јуни 2011 год- Понеделник од 9 часот па натаму; доделување на свидетелствата на останатиуте ученици 1-7 одд;- повторно долговите да се подмират
  • Свидетелства во точен број да се подигнат кај секретарката и да се земе деловоден број; вишок свидетелства нема; ограничени се по број.
  • Колективниот одмор за сите вработени ќе биде утврден според Статутот на училиштето;
  • Следете ја постапката и ценовникот од МОН за плаќање на оштетените учебници на огласна табла
  • Ви посакуваме успешна работа

СООПШТЕНИЕ - Програми за екскурзии

Им се соопштува на сите наставници кои ќе бидат во учебната 2011/2012 год. 3, 6 и 8 одд.- ОБАВЕЗНО да изработат предлог програми за изведување на есенски екскурзии во учебната 2011/2012 год. најдоцна до 1 Јули 2011 год- за да имаме време да ги доставиме до Советот на општина Прилеп за да се одобрат за да се изведат од 1 Септември 2011 год.

Изработката е задолжителна и инструкции да се бараат од педагошко- психолошката служба.