Статут на ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп

Врз основа на член 21 ставот (3) и член 126 ставот (1) алинеа 1 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ број 103/08), Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Блаже Конески“ - Прилеп на седницата одржана на ден 30.10.2009 година, донесе

СТАТУТ

НА ОПШТИНСКОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „ БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ - ПРИЛЕП

I. OСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој статут се уредуваат организацијата и вршењето на воспитно-образовната дејност, називот, седиштето, управувањето и раководењето, правата и обврските на учениците, на вработените и други прашања од значење за работа на основното училиште.

Член 2

(1) Одредбите на овој статут се задолжителни за сите вработени и ученици на училиштето.
(2) Толкување на одредбите од овој статут дава училишниот одбор на училиштето.
(3) Согласност на статутот на општинското основно училиште дава Министерството за образование и наука (во натамошниот текст: Министерството).

Член 3

(1) Воспитно-образовната работа во општинското основно училиште се остварува на Македонски јазик и неговото писмо.

II. ПРАВНА ПОЛОЖБА НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ

Член 4

(1) Името на основното училиште е Општинско основно училиште „Блаже Конески “- Прилеп
(2) Седиштето на општинското основно училиште е на ул„Самоилова“ бр 15 Прилеп.
(3) Скратен назив е ООУ „Блаже Конески“- Прилеп

Член 5

(1) Печатот на училиштето го содржи името на Република Македонија, називот и седиштето на училиштето и е во облик на круг со пречник од 32 мм, а во средината е грбот на Република Македонија.
(2) Штембилот е во правоаголна форма со ист текст како и печатот со тоа што се остава место за дата и број на предметот, заради архивска работа.

Член 6

(1) Со печатот и штембилот располага и го употребува секретарот на училиштето или друго лице овластено од директорот.
(2) Печатот се употребува исклучиво со потпис на директорот.

Член 7

(1) Училиштето е основано со акт запишано во судскиот регистар на надлежниот суд во Битола под срег 1593/95 од .04.04.1995 г

Член 8

Дејноста на училиштето е верифицирана со решение бр.09-2075/1 од 1987 година издадено од страна на Министерството.

Член 9

(1) Училиштето има својство на правно лице, стекнато со уписот во Централен регистар на Република Македонија.
(2) Училиштето е запишано во централен регистарот на основните училишта во Министерството и регистарот на основните училишта што го води општината за своето подрачје.

Член 10

(1) Во правниот промет со трети лица училиштето учествува во свое име и за своја сметка.
(2) За своите обврски настанати во правниот промет со трети лица училиштето одговара со сите свои средства – целосна одговорност.

Член 11

(1) Училиштето „Блаже Конески“ го застапува и претставува директорот на училиштето.
(2) Во случај на отсуство на директорот училиштето го застапува односно претставува лице кое ќе го определи директорот.
(3) Директорот со писмено овластување може да овласти и други лица за превземање на одредени дејствија од своја надлежност.

III. ВОСПИТНО – ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ НА ОПШТИНСКОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ

Член 12

(1) Во основното училиште воспитно-образовната работа се организира и остварува според наставен план и програми, кои на предлог на Бирото за развој на образованието (во натамошниот текст: Бирото), ги утврдува министерот за образование и наука (во натамошен текст: министерот).
(2) Наставниот план содржи задолжителни и изборни предмети, дополнителна и додатна настава, како и часови за одделенската заедница.
(3) Со наставниот план се определува годишниот и неделниот број на часови за наставата одделно по задолжителните и изборните предмети, нивниот редослед по одделенија, бројот на неделните часови за дополнителна настава, часовите за додатна настава и часот за одделенската заедница.
(4) Со наставните програми се определуваат наставните цели, содржините, основните поими, активностите и методите во наставата, оценувањето и постигањата на учениците, условите за реализирање на наставната програма и нормативот за наставен кадар.

............................

Текстот прикажан погоре е само дел од Статутот, целосна верзија е достапна во документ во PDF формат, кликнете на сликата подолу за да го превземете.