Адреса: Самоилова бр. 15, 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Големи успеси на малите ученици
9, март 2019

Во учебната 2018/2019 година учениците од петто 3 одделение и одделенскиот наставник Весна Арсиќ забележаа голем успех со карневалската групна маска „Мадагаскар“.

На ден 09.03.2019 година во Прилеп се одржа карневал „Прочка 2019“, каде беше освоена „Гранд при“ награда.

На ден 01.04.2019 година учениците беа поканети од општина Пробиштип како почесни гости на нивниот карневал, каде освоена беше втора награда. Во периодот од 13.04.2019 до 15.04.2019 година учениците учестваа на Меѓународниот карневал во Белград Раковица, Република Србија, каде оставија голем впечаток и беа прогласени за морални победници од стручното жири, бидејќи како гостинска маска немаа право да учествуваат во натпреварувачкиот дел.

Успехот е навистина вреден за спомен, бидејќи учениците од петто 3 одделение со нивната наставничка Весна Арсиќ вложија максимален напор во овој период на подготовки и настапи, кој беше исполнет со радост, смеа, песна и другарување.

На наградниот конкурс „НАЈ ФОТОГРАФИЈА“ на училишна карневалска маска од Прочка 2019, организиран од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, учениците од петто 3 одделение ја освоија третата награда.

 

 

Организатор

Превземи

Локација

Сподели го настанот