Најуспешните ученици на средба со градоначалникот

12 Април 2012

Градоначалникот на општина Прилеп денес оствари средба со наргадените ученици на државни и меѓународни натпревари од основните и средните училишта од нашиот град. На средбата градоначалникот Ристески им посака на учениците уште многу успеси во полето на образованието, порачувајќи притоа дека секој постигнат резултат е добра промоција на училиштата во кои се едуцираат а воедно и на општина Прилеп. Исто така, градоначалникот Ристески средбата ја искористи за да им ги честита претстојните Велигденски празници.