Презентација на основните училишта по повод Денот на планетата Земја

24 Април 2012

По повод „ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“ во фоаето на Домот на културата „Марко Цепенков“ беше организирана презентација на 10 основни училишта од Општина Прилеп на сработените соодржини од проектот ЗА ПОДОБАР СВЕТ – ЗЕЛЕН ПАКЕТ. На 10 штандови беа претставени сите основни училишта кои ги презентираа активностите, соодржините и изработки генерирани во текот на имплементацијата на проектот.Од 10 изложени штандови беа избрани три, во склоп со соодржините на Зелен пакет – јуниор.

За најдобар штанд беше прогласен штандот на основното училиште „Круме Волнароски“ од Тополчани, второ место освои основното училиште „Рампо Левката“ и третото место им припадна на учениците од основно училиште „Гоце Делчев“. Во склоп на оваа активност беа доделени награди(енциклопедии) на наградените ученици кои има најдобри изработки од ликовната изложба. Проектот го имплементира Младинска Мултикултурна Заедница во соработка со Локална Самоуправа, а е финансиран од регионален центар за заштита на животната средина на Централна и Источна Европа, канцеларија во Македонија, Австриска развојна соработка, Министерство за образование на Република Македонија и Министерство за животна средина и просторно планирање.