Поставен камен–темелник на црквата „Св.Наум Охридски“

30 Април 2012

Сакрален објект посветен на Светецот Наум Охридски ќе се подигне пред спортската сала „Македонија. Осветувањето на темелите го изврши митрополитот Петар во сослужение на свештениците од прилепското архиерејско намесништво. За три недели поставени се камен темели на три цркви. Со божји благослов и поддршка од верниците, започна изградбата на уште еден црковен храм. Мината недела беа осветени темелите за изградба на црквата Свети Пантелејмон во кругот на болницата и Свети Константин и Елена во „Типската населба“ а денес се постави камен темелник на црквата Свети Наум Охридски на влезот во градот, во близина на Могилата.

Сите Фотографии

Оваа црква е по барање на жителите од овој дел од градот а со благослов на МПЦ. Исто така се планира изградба на уште два вакви верски објекти во „Типската населба“ и кај спортската сала „Македонија“.Сите фотографии можете да ги погледнете во фото-галеријата.