Најуспешните ученици на средба со градоначалникот

15 Јуни 2012

Сите Фотографии

Државните и меѓународни награди кои со своите квалитети заслужено ги освоија основците и средношколците од прилепските училишта повод за средба со градоначалникот Марјан Ристески. На средбата градоначалникот Ристески им посака на учениците уште многу успеси во полето на образованието, порачувајќи притоа дека секој постигнат резултат е добра промоција на училиштата во кои се едуцираат а воедно и на општина Прилеп. Градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески оствари средба со наградените ученици на државни и меѓународни натпревари од ОУ„ Климент Охридски“, основнито „Кирил и Методиј“ – Канатларци, ОУ „Блаже Конески“, СОУ „Орде Чопела“, ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ и борачи од клубот „7-ми Мај Леов“.