Одбележан 1ви Март

01 Март 2014

За првпат во нашиот град! Креативните петтоодделенци од ООУ „Блаже Конески“ заедно со нивните наставници го одбележаа 1ви Март.

На иницијатива на наставниците Ана Бошкоска, Љупчо Велкоски, Габриела Стевананџија, Гордана Џокоска и Олга Котеска од ООУ „Блаже Конески“, во соработка со Институтот за старословенска култура, во училиштето се одржа предавање за потеклото и значењето на мартинките. Ова беше пропратено и со работилница во која активно учество зедоа учениците, наставниците и родителите. Во пријатна работна атмосфера, насмевнати лица, вредните раце изработијамногу интересни мартинки. Активноста беше крунисана со Првомартовско дарување на мартинките на случајните минувачи во центарот на Прилеп. Оваа несекојдневна акција побуди голем интерес меѓу нашите сограѓани. За многу кратко време Прилепчани се закитија со по некоја мартинка и центарот на Прилеп заблеска во црвено-бела боја.

„Симболиката на мартинките е да се стават и носат на себе на 1ви Март за здравје. Искрено се надеваме дека сите кои денесдобија ваков подарок од нашите петтоодделенци ќе имаат многу, многу здравје!“ – вели Марија Дулеска -директорката на ООУ „Блаже Конески“.