О.О.У „Блаже Конески“ 2ро место ракомет машки 5то одд.

15 Април 2014

„Коневци“ уште еднаш на врвот на спортот

На 22. 03 2014 год. во организација на Федерација на Училишен спорт на Република Македонија-Сојуз на Училишен спорт на град Прилеп се одиграа Општинските училишни натпревари помеѓу машките екипи во ракомет за VI одд. На овој натпрвар во кои учествуваа сите екипи од сите основни училишта, учествуваше и екипата на О.О.У ,,Блаже Конески’’ под менторстсво на наставниикот Тони Николоски. Екипата во состав на учениците: Андреј Јошески, Антонио Црвенкоски, Иле Павлоски, Кире Глигороски, Давид Дамески, Павел Димоски, Менде, Божидар Пирганоски, Виктор Филипоски, Иле Сарафилиски, Марко Маркоски. Давид јорданоски, Давид Бопков Антонио Андоноски ученици мали по возраст, но со храбро и спортско срце докажаа како се игра за своето училиште. Низ многуте одиграни натпревари децата ја дадоа својата сила и срце на теренот и успеаа да стигнат до финале, освојуваќи го, второто место. Наставникот Тони Николоски е горд на нивниот пристап кон спортот и Фер-плеј односот што представува пример за спортот воопшто.

повеќе...