Со читање до лидерство - 2014 (Отпочнување на проектот)

20 Февруари 2014

На претходна апликација на О.О.У „Блаже Конески“- Прилеп до Фодацијата за културни и образовни иницијативи Чекор по чекор во соработка со УСАИД започнува Проектот со читање до лидерство.

Во овој проект се откриваат раните способности за читање и математичките вештини кај учениците од 1-3 одделение со организирање на читачки каравани со посета во избраните училишта од претходниот период во на аплицирањето.

Со проектот се опфаќаат учениците од 1-3 одд со кои со избрани познати личности актери Петар Горко во просториите на О.О.У „Блаже Конески“- Прилеп се извршија читачки активности.

Поканети беа и на настанот присуствуваа наставниците од одделенска настава 1-5 одд, советот на родители од О.О.У „Блаже Конески“- Прилеп, подрачниот Советник за образование на општина Прилеп г-н Марјан Матракоски, како и претставници од Локалната Заедница.

Во понатамошниот развој на проектот наставниците ќе се обучуваат за да ги развиваат последователно јазичните и математичките вештини во раниот развој на учениците како важен предуслов во создавањето на писмена и образована нација. 

Носител на проектот е Габриела Стевананџија во соработка со педагошко-псхихолошката служба и сите наставници од 1-5 одд а градоначалникот Марјан Ристески иупште во рана фаза на апликација го обезбеди писмото за поддршка од Локалната Самоуправа на општина Прилеп.

Фотографии