Вера Искова - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Вера Искова

E-mail: vera.iskova@gmail.com

 

Библиотека

Нашето училиште располага со простор кој е организиран и уреден за да ги задоволува условите за библиотека по примерот на добро уредените библиотеки.
Основна цел на нашата библиотеката е помагање на воспитно-образовниот процес и ширење на книжевната, научната и општата култура на учениците, наставниците и другите вработени во училиштето. Библиотекарот собира, стручно обработува и дава на користење библиотечен материјал на сите претходно споменати. Исто така една од главните цели на библиотеката е да го збогатува библиотечниот фонд со нови наслови кои ќе одговараат на потребите и интересите на нејзините читатели.
Средствата за работа на библиотеката се обезбедуваат со финансиски план на училиштето за секоја календарска година. Исто така библиотеката може да прими како дар финансиски и материјални средства од различни општествени институции, правни и физички лица во согласност со Статутот и Правилникот за работа на библиотеката.
Библиотеката при ООУ„Блаже Конески“-Прилеп може да се пофали на добрата соработка со општествени институции, правни и физички лица, особено родители кои дел од насловите од своите домашни библиотеки ги донираат на училишната библиотека и го збогатуваат нејзиниот фонд.

 

Следи ја наставата.