Адреса: Самоилова бр. 15, 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Следете ги препораките на Министерството за образование и наука, учете преку интернет и придржувајте се кон препораките на Комисијата за здравство.

ВИДЕО: Порака до сите мајки!

Да им го честитаме празникот 8-ми Март на сите мајки затоа што:

Велат дека вистинската љубов не постои на ниту едно друго место освен во срцето на мајката. Таа е првата личност од која учиш за безусловната љубов и грижа. Таа е како ѕвезден простор, секогаш ти го осветлува патот по кој одиме. Таа дава живот. Во неа се собрани многу ликови, во исто време таа е сопруга, домаќинка, партнер, родител, лекар, судија, адвокат, професор, политичар, возач на автобус, работник во фабрика, алпинист, спортист. Истовремено е и нежен цвет и камен цврст.

Затоа што Христо вели:

Мајката е секогаш за тебе тука,
а срце од радост во гради чука.

Затоа што Леона  вели:

Во душата вечно како свеќа ќе гори,
зборот нејзин, поток жуборлив.

Затоа што Михаела вели:

Мајчиниот збор е икона света
која блеска на ѕидот
како посвета.

Затоа што Ена вели:

Мајка ми е
сонце што ме грее
и најубави песни
таа ми пее.

Затоа што Хана вели:

Лице, сонце што блика,
ти си моја, најубава слика!
Те сакам најмногу на свет,
со тебе сум, како птица во лет!

ЧЕСТИТ 8 МИ МАРТ

 

Коментарите се затворени.