Адреса: Самоилова бр. 15, 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Следете ги препораките на Министеството за образование и наука, учете преку интернет и придржувајте се кон препораките на Комисијата за здравство.

Што ли се помина низ овој „Тобоган од песни“ за кој ни зборува нашата ученичка Катерина Лашкоска

Катерина Лашкоска е ученичка во деветто одделение во ООУ,,Блаже Конески“-Прилеп. Од мала возраст креира поетски творби и со истите учествува на различни натпревари и конкурси на кои добива 1,2 и 3 место.

На 10.06.2019 нашата ученичка ја промовираше својата прва  книга ,,Тобоган од песни” на која солзите радосници беа небројни. ,,Во нашата земја не многу често има млади писатели, малку е чудно и возбудливо.“- така таа ни ги објаснува своите чувства по издавањето на првата книга. Таа е една од ретките млади писатели кои се повеќе се бараат за интелектуално развивање на нашата држава. Таа тврди дека најголема инспирација во последно време и се емоциите и другарството,а општо празниците и настаните како и околината и времето во кое расте.

Кажува дека секој нов натпревар и нова тема се нови предизвици кои таа ги прифаќа и работи со љубов. „Некогаш и наставниците ми се инспирација. Од кои најголема инспирација ми е наставникот Горјан по историја бидејќи не учи да читаме и да се развиваме и од неговиот речник многу нови зборови кои можам да ги користам во иднина“.

Коментарите се затворени.