Одбележан денот на мајчиниот јазик - 21 февруари - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Одбележан денот на мајчиниот јазик – 21 февруари

ВО СВЕТОТ ДЕНЕС, 21 ФЕВРУАРИ, СЕ ОДБЕЛЕЖУВА КАКО МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК, КОЈ УНЕСКО ГО ПРОГЛАСИ НА СВОЈАТА 30-ТА СЕСИЈА НА ГЕНЕРАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА, ВО 1999 ГОДИНА

ВО 2000-ТА ГОДИНА ОВОЈ ДЕН БЕШЕ ПРОМОВИРАН КАКО ДЕН НА ЛИНГВИСТИЧКА И КУЛТУРНА РАЗНОВИДНОСТ И ПОВЕЌЕЈАЗИЧНОСТ

Јазикот е културно наследство во кое што се обединува духовната и материјалната култура на човештвото. Тој е неизбришлив дел од културната меморија на еден народ, независно од тоа дали е тој голем или мал. Од гледна точка на јазичните и естетските вредности, не постојат мали и големи јазици, мали и големи книжевности, мали и големи културни мемории! Затоа секоја јазична и книжевна практика треба да се негува како привилегија на човечката цивилизација и како неотуѓиво право на народите во светот.

Македонскиот јазик е најреферентното обележје на македонскиот народ. Да се занемари македонскиот јазик, значи да се занемари естетиката на македонската историја, меморија и современост. Тој е неотуѓиво духовно и културно наследство на македонскиот народ, кое има научно признати импликации врз јазичното наследство на голем дел од европските народи, чиишто јазици спаѓаат во импозантниот корпус на словенските јазици и кои, од IX-от век наваму, се кодифицирани врз говорите на Македонците од солунскиот регион. Од тој период црковнословенскиот јазик кој има неоспорна македонска генеза, спаѓа – покрај хебрејскиот, старогрчкиот и латинскиот – меѓу четирите јазици на светот на коишто официјално се ширело христијанството, се преведувале светите книги и се пишувале нови книжевни дела.  Па така, колку и да е навидум мал македонскиот јазик, неговата улога во развојот на европската цивилизација е голема.

Во контекст на горенаведеното, Константин Филозоф ќе каже:

„Јазикот на еден народ е негово духовно богатство, без него човек ќе остане при очи слеп, при уши глув и при разум прост“

Нам нù останува во завет задачата да го чуваме и негуваме нашето ЈАС- јазикот!

Јазикот наш македонски

Македонскиот јазик е бескрајно вреден

Вредноста негова е

поголема од езерото мирно,

поголема и од небото ширно.

Родениот јазик е како бисер сјаен,

со него зборови се нижат,

мисли јасни и точни

човек со човека го ближат!

Учи најнапред книга на свој јазик,

па потоа туѓите редум.

И чувај го мајчиниот јазик

Како куќата, како домот, како сказните на дедо!

 

Лука Кочоски V-3 одд.

Ментор: Борка Попова

Коментарите се затворени.