Препораки за заштита од корона вирусот - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Препораки за заштита од корона вирусот

Најчесто поставувани прашања како да се заштитиме од корона вирусот?

  1. Зошто нема настава во училиштето?
  2. Како да се заштитиме од корона вирусот?
  3. Кои се нашите обврски во домашни услови?
  4. Како да се справиме со стравот од вирусот?

Да одговориме на првото прашање: Ако одевме на училиште ние ќе требаше да се дружиме еден со друг што подразбира : поздрав со рака, (а со допир се пренесува вирусот), бакнеж со тие кои сме поблиски (исто така се пренесува вирусот), доколку кашлавме можеби ќе исфрлевме капки кои ќе ги заразеа другите преку воздухот или преку други површини на училишниот инвентар…

Заклучок: Тоа не е можно ако не сме блиску еден до друг и што е најважно не сакаме да се шири вирусот и да бидеме причина некој да се зарази.

Што треба сега во услови на домашна изолација да правиме?

  • Да ги миеме рацете со сапун најмалку десет секунди со што е можно потопла вода и сапун
  • Да не го допираме носот со рацете,
  • Да не ја допираме устата со рацете,
  • Да не ги допираме очите со рацете,
  • Да седиме дома;
  • На секој можен начин да допринесеме за хигиената во домот;
  • Да јадеме здрава храна за да го зголемиме имунитетот;

Заклучок: Ако сите ги почитуваме препораките од Светската здравствена организација вирусот побрзо ќе го победиме и  ќе се дружиме со нашите соученици

Кои се нашите обврски дома?

  • Продолжува наставата, ама преку далечинско учење;
  • Вие треба да бидете во контакт со Вашите наставници по електронски пат;
  • Треба да ги следите нивните часови и нивните насоки за поголеми постигања;
  • Пишувајте ги домашните работи, одговатајте на наставните ливчиња, писмени работи…
  • Трудете се да постигнете што е поголем успех;

Заклучок: На нас останува да продолжиме со нашите обврски иако тие се реализираат на поинаков начин.

Дали ни е страв од новонастанатата ситуација? Ако е така:

-контролирајте го времето минато на социјалните мрежи (многу време ќе изгубите и ќе прочитате и добри и лоши работи кои и не се вистинити),

-ако имате проблеми со анксиозност и стрес разговарајте со родителите, пријателите, роднините или  некој терапевт за да имате поддршка за разговор за да Ви се разјаснат работите.

-не заборавајте да бидете физички активни во домашни услови.

-практикувајте добар сон (навреме легнување и навреме станување).

Заклучок: Имајте позитивни мисли (мислете само на убави работи), се ќе помине ама треба време , бидете среќни и радосни и на малите нешта во животот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *