Твоето малку, на некому му значи живот - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Твоето малку, на некому му значи живот

На училиште учиме и стекнуваме знаења но уште поважно е тоа што сфативме дека во „мода“ е да се гради карактер и добри човечки особини. Да се дарува и да се биде хуман. Ние учениците од 3-1 одд. со нашата наставничка Ана сакаме со Вас, со гордост да споделиме една наша активност што беше дел од Проектот „Magical Intercultural Friendship Network“ кој траеше девет седмици минатата учебна година. Активноста беше со наслов „Твоето малку, на некому му значи живот“, а задачата беше многу интересна. Ги вклучивме и родителите со чија помош направивме перничиња со фотографии од разни мотиви на држави на седумте континенти: знамиња, животни, храна, препознатливи градби. Потоа перниците ги продадовме, а со собраните пари купивме сликовници и книги. Не една или две, со парите купивме триесетина книги кои ги подаривме во нашата училишна библиотека.

Библиотекарката Вера остана без зборови, ни се заблагодари и рече дека и возрасните треба да учат од нас. Поучени од поговорката: „Ако му дадеш на човек риба и ќе биде сит еден ден, но ако го научиш да лови ќе биде сите цел живот!“ подаривме книги. Нашата храна е знаењето, а знаењето го добиваме преку книгите.

Ние се гордееме со оваа наша активност и ветуваме дека нема да ни биде последна. Ќе продолжиме да даруваме и да бидеме хумани! Ви порачувам, подарете и Вие, ќе направите добро дело што ќе ве направи среќни.

 

Коментарите се затворени.