Претставници од Владата, од Советот за македонски јазик и Институтот за македонски јазик од Скопје остварија посета на родната куќа на Блаже Конески во с. Небрегово. Од родното Небрегово беа испратени пораки за посебноста на македонскиот јазик и историскиот развој од почетокот на словенската писменост до денеска, признаен во целиот свет.
На чествувањето во родната, спомен-куќа на Конески во Небрегово на ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп беше доделена Благодарница за зачувување и промовирање на ликот и делото на Блаже Конески.
На настанот присуствуваа г-ѓа Ангелка Баракоска, директор на ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп и учениците Ана Марија Манческа и Стефан Јаневски.