Со доделување на свидетелствата се заокружи деветгодишниот период на школување на 85 ученици во деветгодишното основно образование.
Нашето училиште изразува голема благодарност на Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“ која чинот на доделување на свидетелствата го збогати со 100 книги по повод 100 годишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески.
Секој полуматурант, покрај свидетелство доби на подарок книга која носи наслов „Како да станам свој“. Делото разработува тема од периодот на тинејџерството. Таа преставува водич на младата личност во период кога се преиспитува, се пронаоѓа себе си и помага полесно и на најбезболен начин да стане своја.