Црвено жолто зелено
на сите по малку разделено.
Многу витамини има.
Се јаде и во лето и во зима.
И оваа година по осми пат во нашето училиште се изведе есенски панаѓур посветен на јаболкото а се со цел да се подигне свеста кај децата за важноста од здравата исхрана.
Во училиштето вриеше како во кошница. Измешани емоции на радост, задоволство, среќа најмногу на лицата на нашите ученици. На штандовите изобилство од вкусни пити со јаболка, шеќерни јаболчиња, колачиња во форма на јаболка.
Горди беа децата, нивните наставници но горди беа и мајките и бабите кои со големо задоволство се приклучија кон оваа акција и ги споделија своите вкусни рецепти и заедно со децата ја покажаа својата иновативност и креативност.