Година на Блаже Конески - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Година на Блаже Конески
All day - 22, октомври 2021

Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2021 година за Меѓународна година на мирот и довербата со цел да ги мобилизира напорите на меѓународната заедница да се обезбеди траен мир, солидарност и хармонија.

Министерството за култура и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија почнуваат иницијатива за приклучување кон прославата на оваа Меѓународна година со програма посветена на еден од великаните на македонската култура, Блаже Конески, по повод стогодишнината од неговото раѓање.

Денот на кој се родил овој исклучителен културен деец е запишан и на Листата на УНЕСКО за одбележување значајни јубилеи во светот во текот на 2021 година. Носејќи го нашето училиште името на Блаже Конески имаме завет да го продолжиме неговот делото пренесувајќи го на нашите најмлади и негувајќи ја традицијата и културата за која се залагаше Блаже Конески. Нашето мото е ИДНИНАТА Е ВО НАШАТА УЧИЛНИЦА, затоа да ја негуваме и да вложуваме во таа иднина, внимателно да ја обликуваме затоа што таа иднина е нашата младина а она општество кое вложува во својата младина има сигурна иднина.

 

Организатор

Превземи

Локација

Сподели го настанот