Свечено одбележан патронот на нашето училиште - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Свечено одбележан патронот на нашето училиште
All day - 18, декември 2020

Денешниот ден е уште еден од позначајните датуми од поновата историја на нашиот град. ООУ „Блаже Конески“ и оваа година го одбележа Денот на училиштето, во чест на својот патрон, големиот поет, изучувач, познавач и кодификатор на македонскиот јазик, академик Блаже Конески.

Во услови кои ги диктира новата реалност, со почитување на препораките и протоколите за заштита од Ковид-19, Патронот на училиштето годинава беше пригодно одбележан со положување свежо цвеќе пред бистата на Блаже Конески во училишниот хол.

„ООУ „Блаже Конески“ е едно од најмладите училишта во нашиот град, училиште кое се карактеризира со посебен дух, училиште кое во континуитет е насочено кон подобрување на квалитетот на целокупното работење. Препознатливо по квалитетот на работа и образовни услуги кои ги нудиме на нашите ученици, по стручниот кадар кој го имаме и којшто постојано се усовршува, по стилот на менаџирање и водење на училиштето. Како резултат на ова освоивме многу награди, признанија и високи постигања на училиштето, наставниците и учениците во различни области“, истакна во својот поздравен говор директорката на училиштето „Блаже Конески“, г-ѓа Ангелка Баракоска.

Букет свежо цвеќе положија претставници од Советот и градоначалникот на Општина Прилеп, г. Илија Јованоски, кој се обрати пред присутните гости и вработени во  училиштето.

„Во пресрет на 99 годишнината од раѓањето на кодификаторот на современиот македонски литературен јазик, академик Блаже Конески денеска се поклонуваме пред неговата биста во истоименото основно училиште во нашиот град и оддаваме почит на неговото грандиозно дело со неговата макотрпна работа и маркатните достигнувања како филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач и прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите. Блаже Конески со право го заслужува епитетот „Џинот“ од Небрегово. Брилијантните дела на Блаже Конески денес се наоѓаат во сите универзитетски и други големи библиотеки ширум светот. Оттука со гордост можеме да кажеме дека неговиот придонес за истакнување на посебноста на македонскиот литературен јазик е безвременски“ - истакна во своето обраќање градоначалниот на општина Прилеп, г. Илија Јованоски.

За континуираната поддршка во работата на нашето училиште беше доделена плакета на градоначалниот г. Илија Јованоски. Плакети беа доделени и на г-ѓа Павлина Илиеска-Пале за посебен придонес во одржувањето на манифестации во нашето училиште по повод денот на училиштето, во чест на Патронот академик Блаже Конески, и најмладата љубителка на пишаниот збор, нашата млада поетеса Ана Марија Манческа која се одлучи да ги следи стапките на Патронот и на свои 14 години ја објави својата прва книга.

Претставници од училиштето положија букет свежо цвеќе пред бистата на Блаже Конески во центарот на градот, која се наоѓа пред НУ Библиотека „Борка Талески“.

Вредните ученици на свој креативен начин ја изразија својата почит кон патронот Блаже Конески со пригодни литературни и ликовни творби и рецитали, кои може да ги проследите во продолжение.

 

 

 

 

 

 

Организатор

Превземи

Локација

Сподели го настанот