Адреса: Самоилова бр. 15, 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Ученички парламент

Организирање на учениците

Сите ученици во училиштето ја сочинуваат училишната заедница. За организирано остварување на интересите на учениците во нашето училиште, учениците се организирани во заедница на паралелка и ученички парламент.

Ученичкиот парламент го сочинуваат претседателите на заедниците на паралелките. Истиот работи по претходно подготвена програма за работа. Работата на ученичкиот парламент ја координираат стручните соработници психологот и педагогот, а директорот многу често разговара со учениците за проблемите кои ги согледале и за начините на нивно решавање.

Ученичкиот парламент со свои претставници учествува во советот на родители, наставничкиот совет, училишниот одбор и во тимот за меѓуетничка интеграција во образованието.

Активно учествува во застапување и промовирање на правата и интересите на учениците и го промовира ученичкиот активизам. Оваа учебна година 2019/2020 планираше и реализираше кампања на тема „Со образование против дискриминација“  при што учениците поделени во тимови осмислија прашања поврзани со дискриминацијата и подготвија анкета која ја реализираа со сите ученици од шесто до деветто одделение пред започнување на кампањата и по завршување на истата. Подготвија леток кој го дистрибуираа до советот на родители, до другите основни училишта и меѓу локалната средина. Осмислија час на тема „Дискриминација“ и секој претседател на еден одделенски час го реализираше во својата паралелка. Предвидено беше да се изготват и пароли на истата тема кои би ги распоредиле низ училиштето и да се направи анализа за да се види колку беше успешна кампањата, но тоа останува за понатаму.

Во училиштето избран е и ученички правобранител кој  се грижи за заштита и унапредување на правата на учениците во училиштето. Ученичкиот правобранител е избран со мнозинство гласови од учениците од седмо до деветто одделение, по пат на тајно гласање. Тој учествува и во работата на тимот за меѓуетничка интеграција во образованието.