Наши вредности - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Наши вредности

Визија

Нашето училиште да биде средина во која ќе обезбедиме инклузивно и интегрирано образование кое ќе му овозможи на ученикот стекнување на знаења,  развивање на вештини, креативност, критичко размислувње  и чувство на припадност кон заедницата. Ќе ја развиваме и подобруваме училишната клима која ќе се темели на интеркултурните врски во училиштето, развивање на свест за еднаквост, правичност, толерантност, меѓусебно почитување и помагање.

Мисија

Преку следење на  чекорите на современите трендови  во образованието, науката и технологијата, и негување на  мултикултурализмот и интеркултурализмот  нашето училиште да биде пријатна средина за своите ученици. Со поддршка на професионален тим да  обезбеди еднакви можности за учење и напредување на секој  ученик.

Стекнување доверба

Родителите кои пројавуваат интерес за запишување на своето дете ги охрабруваме да остварат контакт со училиштето преку телефон или е-пошта со пополнување на формуларот за контакт за добивање на информации. За добивање на подобар увид во нашата програма родителите може да остварат посета на училиштето.

Ученици

Училиштето е средина во која учениците стекнуваат знаења, вештини, формираат ставови но и практикуваат однесување кое значи активно ангажирање во заедницата. Мотивирани за учење и постигнување поголеми успеси, со своите иницијативи, лоцирање на проблеми, застапување и презентирање на идеите и барањата за добивање поддршка од возрасните, учениците покажаа дека се чувствуваат пријатно во училиштето, дека го доживуваат како заедница на која припаѓаат.