Денес го прославуваме Патронот на нашето училиште „Блаже Конески“ кој е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот Македонски литературен јазик, виден книжевен, културен и јавен работник: академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и професор.
Годинава нашето училиште ја помина во знакот на 100 годишнината од раѓањето на великанот заедно со Фондацијата Небрегово.
Се зборуваше многу за делото на нашиот Патрон, сеуште се зборува и ќе се зборува уште многу со што не става пред предизвикот уште повеќе да се вложуваме како тим и од оваа установа да пласираме млади индивидуи кои достојно ќе нè преставуваат преку нивните професии. Личности кои ќе знаат како да го зачуваат и да го негуваат светото на нашата татковина и секако ќе раскажуваат за нашето училиште, за нашите вработени кои се секогаш на ниво на професионализам, бидејќи без нив нема да сме тоа што сме денес како институција.
Тука сме, постоиме затоа што сме зацртале цел пред нас, да ја градиме нашата иднина која се наоѓа во нашите училници. Тоа се овие наши, пред сè деца потоа ученици за кои несебично се вложуваме и ја пренесуваме нашата љубов.
Како што ќе рече Блаже Конески во една од своите песни „Татковина“, - „До кај што сум ја пренесол својата љубов, дотаму е мојата татковина“.