Сите ученици во училиштето ја сочинуваат училишната заедница. За организирано остварување на интересите на учениците во нашето училиште, учениците се организирани во заедница на паралелка и ученички парламент.
Ученичкиот парламент го сочинуваат претседателите на заедниците на паралелките. Истиот работи по претходно подготвена програма за работа. Работата на ученичкиот парламент ја координираат стручните соработници психологот и педагогот, а директорот многу често разговара со учениците за проблемите кои ги согледале и за начините на нивно решавање.
Ученичкиот парламент со свои претставници учествува во советот на родители, наставничкиот совет, училишниот одбор и во тимот за меѓуетничка интеграција во образованието.