Од 03 до 05 Октомври 2019 година во Лесковац, Република Србија, по четврти пат се одржа акредитираниот, меѓународен, натпревар на креативни, едукативни филмови „КРЕФ” 2019. На овој фестивал нашето училиштето по прв пат учествуваше со едукативниот филм - Театар - Театарска претстава, преставувано од нашата наставничка од одделенска настава Весна Арсиќ. Таа освои специјална награда за едукативен филм, во категорија-Образовен ресурс, најјаката категорија. Во овој филм учествуваа 28 ученици од паралелката V-3 одделение. Филмот беше снимен во учебната 2018/2019 година.
Учениците на еден иновативен начин ги проверуваа стекатите знаења по предметот македонски јазик, создадоа театарска претстава со сите потребни елементи од почетокот до крајот, и блеснаа на сцената како вистински артисти.