Награда за најдобар наставник по германски јазик - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Награда за најдобар наставник по германски јазик
All day - 20, December 2018

Гете-институтот – Скопје на крајот на 2018 година по вторпат ја додели наградата на натпреварот за најдобар наставник по германски јазик наменета на талентирани и креативни наставници што го предаваат овој предмет и кои во наставата применуваат иновативни методи и техники. Имено, во конкуренција од сите наставници, што конкурираа на натпреварот, од основните и средните училишта од нашата држава, нашата наставничка Евгенија Ангелеска ја освои третата награда за најдобар наставник по германски јазик. Проектот со којшто конкурираше наставничката беше со наслов: “Smart Schule” für digitale Generationen (“Паметно училиште” за дигитални генерации), а се однесуваше на искористување на потенцијалите на мобилните компјутерски уреди како смартфони и таблет-компјутери за едукативни цели. Имено, главната цел на овој проект е учениците на интересен и иновативен начин да стигнат до содржини, информации и локации на интернет преку користење на своите смарт телефони, а во насока на продлабочување на сопствените знаења и откривање на информации за главните градови на покраините во Германија. Всушност, на конкретниот час, своите мобилни уреди учениците ќе ги искористат за скенирање на претходно креирани QR кодови коишто ќе ги водат учениците до специфични дигитални дестинации. QR кодовите ќе им овозможат на учениците на брз, лесен и забавен начин да пристапат до соодветни интернет ресурси и од нив да извлечат корисни информации. Наградата, којашто се состои од 5 таблет-компјутери, на наставничката и беше доделена во Германската амбасада – Скопје, а жири комисијата се состоеше од преставници на Гетеинститутот-Скопје, Германската амабасада-Скопје и Министерството за образование и наука.

Organizer

Export

Location

Share our event