Достоинствено одбележување на Патронот Блаже Конески - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Достоинствено одбележување на Патронот Блаже Конески
10:00 to 11:00 - 17, декември 2021
ООУ Блаже Конески, Точила б.б. Прилеп Get directions

Денес го прославуваме Патронот на нашето училиште „Блаже Конески“ кој е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот Македонски литературен јазик, виден книжевен, културен и јавен работник: академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и професор.

Годинава нашето училиште  ја помина во знакот на 100 годишнината од раѓањето на великанот заедно со Фондацијата Небрегово.

Се зборуваше многу за делото на нашиот Патрон, сеуште се зборува и ќе се зборува уште многу со што не става пред предизвикот уште повеќе да се вложуваме како тим и од оваа установа да пласираме млади индивидуи кои достојно ќе нè преставуваат преку нивните професии. Личности кои ќе знаат како да го зачуваат и да го негуваат светото на нашата татковина и секако ќе раскажуваат за нашето училиште, за нашите вработени кои се секогаш на ниво на професионализам, бидејќи без нив нема да сме тоа што сме денес како институција.

Тука сме, постоиме затоа што сме зацртале цел пред нас, да ја градиме нашата иднина која се наоѓа во нашите училници. Тоа се овие наши, пред сè деца потоа ученици за кои несебично се вложуваме и ја пренесуваме нашата љубов.

Како што ќе рече Блаже Конески во една од своите песни „Татковина“, - „До кај што сум ја пренесол својата љубов, дотаму е мојата татковина“.

 

 

Организатор

Соорганизатор(и)

Превземи

Локација

Сподели го настанот