„Училишта на 21 век“ е програма за образование , која е дизајнирана и спроведена од Британскиот совет и финансирана одвладата на Обединетото Кралство. Таа има за цел да им овозможи на учениците на возраст од 10-15 години покрај решавање проблеми, да научат и практични вештини за програмирање и да имаат можност да ги практикуваат своите вештини преку физички компјутери.
Како дел од овој проект организиран од Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, поддржан од Британскиот совет беше и нашето училиште. Училиштето доби голем број micro:bit уреди – џебни компјутери на кои децата можат да програмираат и да ги користат за различни предмети за решавање на секојдневни проблеми. Тоа им овозможи на учениците да учат на забавен, интерактивен и иновативен начин. Покрај обуката којашто се спроведе со наставниците, училиштето формира и Клуб за кодирање во кој учениците изработуваа проекти користејќи ги Микробит уредите. И секое училиште имаше задача да направи проект со кој ќе се реши некој реален проблем со помош на микро бит, џебен компјутер со големина колку дланката. Во Март 2019г беше организиран настанот „Нови технологии во образованието“ во Скопје, во кој учествуваа сите вклучени училишта, и се претставија со своите изработени проекти со Микробит. Проектот е составен од хардвер и софтвер кој овозможува подобро надгледување и контрола на сообраќај и оптимизација на сообраќајниот тек. Во него се вклучени камион и станица за прием на сигналите од камионот, при што на камионот се поставени 3 микро бит уреди. Едниот ја мери надворешната температура и го предупредува возачот за ниската температура со звучен сигнал и палење на светло. Вториот при удар испушта звучен сигнал и пали две лед диоди,додека третиот микро бит уред при голем потрес или удар испраќа сигнал за помош. Со намалување на дневната светлина ги пали лед диодите на микробит уредот. Со помош на микробит уредите, кои се потпираат на сензори, овој информационен систем му помага на возилото во несоодветни услови, предупредува на опасност од удари и обезбедува контрола над возилото и возачот во случај на опасност.
На овој настан, покрај Директорката на Британскиот совет и Амбасадорката на обединетото кралство, беа присутни и Министерот за образование и Министерот за Информатичко општество. Во конкуренција од 10 училишта, ООУ Блаже Конески од Прилеп го освои првото место и се здоби со право да Учествува на регионалниот натпревар во кодирање.што се одржа во Белград на 4 и 5 Април, 2019г. во рамките на Дигиталниот самит, кадешто го претставија проектот на Англиски јазик. Осмоодделенците од училиштето, Петар Апостолоски, Антонио Барлески и Михаела Наумоска со менторот наставничката по информатика Наташа Ристеска-Проданоска, со нивниот систем за спречување и намалување на последиците од сообраќајни несреќи креиран со помош на уредот микро бит, го освоија второто место. Бидејќи оваа програма беше и дел од Министерството за образование и наука, учениците и менторот кои беа меѓу најдобрите во кодирање на Дигиталниот самит, Министерот за образование и наука ги прими во својот кабинет и им подели пригодни награди. Во рамките на посетата на нашата држава, учениците му го претставија проектот “Училишта на 21 век “ на Принцот Едвард, грофот од Васекс во Македонската Филхармонија на 16 Мај 2019 година.