Промоција на книгата „Моето патување во Фантазија“ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Промоција на книгата „Моето патување во Фантазија“
All day - 27, декември 2019

Михаил Јанчески од 3-1 одделение, на конкурс организиран од Владата на Република Северна Македонија за објавување на збирката раскази и песни со тема „Моето патување во Фантазија“,го започна својот расказ вака:

„Во една непозната далечна земја си живееше едно дете кое имаше чудна моќ. Го нарекуваа Моќен.

Моќен можеше да лета на небото, да крева тешки предмети, а ги знаеше и сите светски јазици. Затоа можеше да се разбере со децата од сите планети.“ Ова е почетокот на фантастичниот расказ “Моќен”.

Софија Виданоска, исто од 3-1одделение  во својот расказ „Супер девојка“ напиша: „ Во земјата Фантазија постои една фантастична супер девојка со супер енергична моќ што ја користи за правење на добри дела. Еве како поминал еден нејзин ден:

Утрото кога тргнала на училиште забележала изнемоштена стара баба. Супер девојката и подала рака и заедно ја преминале улицата.“

На среќата и немаше крај кога дознавме дека нашите раскази се избрани да бидат објавени во збирката “Моето патување во Фантазија”.

Уште повеќе се израдуваваме кога бевме поканети да присуствуваме на промоција на книгата. Присуствувавме заедно со нашите родители и наставничката Ана Бошкоска.

Промоцијата на книгата се одржа на 27.12.2019 год. во Скопје, во Македонската Филхармонија. Присутни беа ученици, наставници, директори од цела држава  и претставници на Владата .Премиерот Зоран Заев им се обрати на присутните и ја истакна важноста на читањето и писменото изразување. Поделени беа пригодни подароци и книги за авторите, односно учениците.

„Ни беше чест и огромно задоволство да присуствуваме на промоцијата на збирката раскази и песни „Моето патување во Фантација“  во организација на Владата на Република Северна Македонија. Имено, на конкурсот објавен во април 2019  испративме неколку раскази со фантастична содржина. Два раскази се наоѓаат во Збирката. Тоа се расказите „Супер девојка“ од ученичката Софиа Виданоска и „Моќен“ од Михаил Јанчески. Присуството и обраќањето на премиерот Зоран Заев дадоа уште поголема важност на настанот,  каде акцент беше ставен на читањето на книги од страна на децата . Присутните добија книга и пригодни новогодишни подароци. Во прилог неколку фотографии од настанот:“ рече Ана Бошкоска одделенски наставник во нашето училиште

Организатор

Превземи

Локација

Сподели го настанот