За училиштето - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

За училиштето

Патрон

Блаже Конески, роден на 19 декември 1921 година, во прилепското село Небрегово, потекнува од познатото семејство Љаме – Љамевци, од страната на дедо му Коне. Конески станува клучна фигура во развојот на македонскиот јазик. Покрај македонската, бил член и на други академии на науки, во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, а почесен доктор на науки во Чикаго, Краков и Скопје. Делата му се преведени на многу странски јазици, а добитник е на повеќе меѓународни награди и признанија.

Историја

Камен темелникот на училшната зграда беше поставен на 1 Мај 1985 год. од страна на Претседателот на Извршниот одбор на Општинската самоуправна интересна заедница (СИЗ) за образование и наука Јакимоска Марија. Главен инвеститор за изградбата на ова училиште е СИЗ за образование и наука, а во изградбата на првата фаза од училишниот комплекс учествуваа: градежната организација „Прилепец”, „Димче Мирчески – Бањарот”- Прилеп за електричната инсталација, РО „Дуга” за водоводна канализација и парно греење и РО „Металец”-Прилеп за метална конструкција.

Кадар

Првата средба на наставниот кадар е одржана во петок на 26.08.1986 год. во просториите на кабинетот по македонски јазик (сега музичко образование). Составен дел на ОУ „Блаже Конески“ е и училиштето лоцирано во населбата Варош, кое има богато минато.

Нашиот град

Прилеп — град во Северна Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во југозападниот дел на Република Северна Македонија. До него се стигнува преку магистралниот пат А 3. Има 69.704 жители (2002 г.) и се наоѓа на 128 километри југозападно од главниот град Скопје. Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко).