Тим за професионален и кариерен развој - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Тим за професионален и кариерен развој

Преставници од стручните активи

Наташа Димеска- Одделенски – наставник претседател на стручен актив на одделенска настава

Наташа Ристеска Проданоска – наставник по информатика – претседател на природно математички актив

Елена Димоска  – наставник по ликовно – претседател на  општествено -јазичен  актив

Оливера Вецеска Трајкоска – психолог

Во ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп во делот за професионалниот и кариерниот развој на наставниците, оваа учебна година годишната програма за работа која се однесува на професионалниот и кариерениот развој на наставниците се однесува на:

  • Самопроценка на професионалните компетенции и изработка на личен план за професионален развој
  • Идентификување на потребите за професионален развој на наставниите, стручните соработници и директорот
  • Хоризонтално учење- споделување на искуствата меѓу наставниците

САМОПРОЦЕНКА НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ И ИЗРАБОТКА НА ЛИЧЕН ПЛАН ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Секој наставник прави самопроценка на неговите компетенции врз основа на следните насоки: планирање и реализација на наставата, оценување, создавање на клима и средина за учење, социјална и образовна инклузија со учениците и родителите, професионален развој и соработка. Наставниците ги подредуваат по важност и истакнуваат листа на оние кои има се најважни. Врз основа на овој план се изработува планот за личен развој на наставникот. На крајот на полугодието секој наставник го ревидира и го надополнува својот план за личен развој.

ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ, СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ И ДИРЕКТОРОТ

Планирањето на професионалниот и кариерниот развој на наставниците се одвива во две насоки и тоа од долу нагоре односно вградување на индивидуалните планови за личен развој  во годишната програма и од горе надолу вградување на државните и училишните приоритети во плановите за личен развој на наставниците. Во делот на самопроценка и идентификување на потребите од професионален развој на ниво на училиште се преземаат следните активности:

  • Изработка на план за потреби од професионален и кариерен развој на ниво стручни активи
  • Активности кои ќе се реализираат за професионалниот развој на ниво на училиште и надвор од него
  • Изготвување програма на ниво на стручен актив за професионално и стручно усовршување
  • Финализирање на програмата за професионален развој на наставниците за 2021/2022 година

Тимот во текот на целата година ќе има за задача да го следи професионаллниот развој и да ја следи реализацијата на програмата за работа на истиот. Се следат ефектите од професионалниот развој и се евидентира секој дел од реализираните работилници, обуки и слично. Тимот има за задача да го изготви и годишниот извештај за работа.
Стручните активи имаат за задача да ги идентификуваат компетенциите кои е потребно да се развијат во текот на 2021/2022 година и да се направи проценка на оние компетенции кои се најдобро развиени кај наставниците од стручниот актив, од училиштето или од други училишта.
Стручните активи исто така истакнуваат кои од активностите за развој на компетенциите треба да се развијат и на кој начин, односно што треба да се преземе во текот на годината во врска со нивниот развој. Во овој дел треба да се обрати внимание и на планот за личен развој на наставниците.
Претседателот на стручниот актив ја изготвува програмата за професионален развој на ниво на стручен актив и ја доставува до тимот.
Тимот ја финализира програмата за професионален развој на наставниците за 2021/2022 година

ХОРИЗОНТАЛНО УЧЕЊЕ- СПОДЕЛУВАЊЕ НА ИСКУСТВА МЕЃУ НАСТАВНИЦИТЕ

Она што наставниците го научиле на семинарите обуките и на интерните работилници и обуки потребно е да го вметнат во планирањата на стручните активи со што ќе организираат отворени часови и исто така ќе се реализираат интерни обуки и работилници. Сето ова е вметнато во програмата на стручните активи во кои се предвидени и месечни состаноци на кои ќе се дискутира и за тековните проблеми, потреби и случувања во текот на наставата. На часовите ќе присуствуваат педагогот, психологот, директорот како и член од тимот за професионалниот развој. На тој начин ќе се утврди како новите техники, знаења и вештини се применуваат во наставата и како истите влијаат на наставата.
Тимот ќе има за задача сето тоа да го евидентира и документира. Покрај водење на евиденцијата за активностите клучно е да се следат и евидентираат ефектите од професионалниот развој, особено придонесот на истите во унапредувањето на работата во училиштето (работата на наставниците, учењето на учениците). Тимот исто така поднесува годишен и полугодишен извештај за работата.