Адреса: Самоилова бр. 15, 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Следете ги препораките на Министеството за образование и наука, учете преку интернет и #Останетедома.

ООУ„Блаже Конески“ не ја напушта традицијата!

Како и секоја учебна година, така и оваа 2019/20 година, а согласно критериумите за избор на првенец на генерацијата, соодветната комисијата ги разгледа кандидатурите на нашите деветтоодделенци и за првенец на генерацијата ја прогласи ученичката Михаела Наумоска од  IX-2 одделение.

Михаела првите спомени од училишниот живот ги креираше со наставничката  Дијана Смугреска, од  II  до V  одделение „играше“ со букви и броеви под раководство на наставникот Драшко Дичоски. Продлабочувањето на основните знаења течеше под  будното око на раководителот на паралелката  Маргарита Магдеска.

Неизоставно ќе ги споменеме и предметните наставници: Наташа П. Ристеска, Павлинче Р. Темелкоска, Христина Мирческа и Весна Мојсоска под чие менторство, вредната Михаела освои  бројни општински, регионални и  државни награди, меѓу кои и една меѓународна- екипна.

На крај да и посакаме на Михаела и на сите наши полуматуранти успеси на патот на образованието со пораката:

  • Успехот е како скала, на неа не можете да се искачите со рацете во џебовите. 🙂

Значи драги идни средношколци не ги штедете своите сиви мозочни ќелии, напротив, немилосрдно користете ги, а тие за возврат ќе ве доведат до богатство од знаења!

Автор: Вера Искова

 

Коментарите се затворени.