На 31 Март, во пресрет на Светскиот ден на литературата за деца, учениците и родители од трето одделение и учениците од шесто три одделение, под менторство на наставничките Соња Конеска, Снежана Магероска, Ангелка Баракоска и Даниела Џамбазоска, реализираа активности во чест на овој значаен ден. Иницијативата, идејните решенија и организацијата на настанот ги направија библиотекарката Вера Искова и наставничката по Македонски јазик Виолета Христоска.
Се зборуваше многу за литературата за деца и низ игра и забава повторно се пренесе аманетната порака за значењето на книгата, читањето и заедничкото читање родител-дете.
Честит да е роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, честит да е Светскиот ден на литературата за деца!
Галерија.



