Во нашето училиште со пригодeн настан се одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, се испратија пораки дека секој јазик е важен и дека со мајчиниот јазик се чуваат културата, фолклоот, историјата и идентитетот.
Беа организирани повеќе активности кои ги испланираа и реализираа наставниците :
Виолета Христоска организираше пригоден збор за настанот;
Маја Кузманоски настапи со училишниот хор;
Лидија Котеска имаше воведна активност, правилна употреба на македонскиот јазик во секојдневната комуникација;
Наташа Ристеска Порданоска организираше квиз на знаења, поврзани со нашиот мајчин јазик ;
Весна Арсиќ ги организираше работилниците за изработка на креативни постери за Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Постери, со зборови на различни јазици со цел да се истакне убавината и значењето на јазичната различност.Со своите испишани пораки и извадоци од делата на многу наши дејци создадоа шарена ризница од мисли со кои го украсија нашето училиште;
Постер со цртежи на тема – Мајчиниот јазик поврзува, обединува и помага да се пренесуваат традициите на идните генерации;
Ана Талеска ги направи фотографиите ;
Во овој настан учествуваа учениците од IV -3 и VI -3 одд. На настанот присуствуваа и го поддржаа директотката Мартина Пројческа , Жаклина Гегоска и Вера Искова. Видео записот го изработи Весна Арсиќ.
Ова е можност уште еднаш да се потсетиме на аманетот на Блаже Конески „Јазикот е единствената наша татковина “.
Сакајќи го и учејќи го јазикот, ние се сакаме самите себеси и ги сакаме другите! Учиме за нас, кои сме и што сме во светот, меѓу другите, се развиваме и усовршуваме.
Значи, сите активности имаа единствена цел – поттик за сите да го чуваме и негуваме мајчиниот јазик затоа што тој не прави свои, единствени и препознатливи пред другите.
Видео.



