24. Мај св.Кирил и Методиј - Ден на просветните работници - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

24. Мај св.Кирил и Методиј – Ден на просветните работници

Солунските браќа им подарија светлина на словенските народи, им ги отворија тајните на книгите, им помогнаа да го запишат и сочуваат културното наследство за следните генерации.
… Аз, буки, веди… доцна навечер, под слаба светлина, сиот згрбавен, Кирил започнал да ја пишува глаголица, Така, Кирил и Методиј, не ја создале само азбуката туку тие ги создале светлината на слепите и звукот на глувите. Ја создале глаголицата, која им ги отворила очите на заслепените Словени и која сѐ уште ги отвора нашите очи, нашите хоризонти, нашите знаења.
ООУ„Блаже Конески“-Прилеп уште еднаш достојно го одбележа Денот на просветните работници – Св. Кирил и Методиј. Овој настан е производ од соработката помеѓу свештенството во храмот св. Петка во населба Точила и нашето училиште.
Во дворот на храмот св.Петка се одржа пригодна приредба на која учествуваа:
-училишниот хор под раководство на наставничката Маја Кузманоски и соло изведбите на учениците Ангел Кулески и Димитар Иваноски;
-реферат за делото на светите браќа презентираа ученици од деветтите одделенија под менторство на наставничката Виолета Христоска;
-со свој рецитал настапија и учениците од трето три одделение под менторство на наставничката Весна Арсиќ;
-учениците од вторите одделенија играа и пееја под раководство на наставничката по ФЗО Ивана Сиљаноска, поддржана од нивните одделенски наставници;
-работилницата „Дрво на писменоста“, го израбија мали и големи ученици во организација на наставниците: Наташа Ристеска Проданоска, Лидија Котеска, Вера Искова, Весна Арсиќ и Виолета Христоска;
изложбеното пано на кое е претставен патот на мисиите на браќата св. Кирил и Методиј – го изработија ученици под менторство на наставниците Дејан Ангелески и Виолета Христоска;
-се одржа ликовна работилница под раководство на Елена Димоска Николоска;
во чест на светите браќа твореa ученици под раководство на наставничката Љубица Јованоска Пашоска;
нешто да научиме и за другите јазици ни помогнаа постерите изработени на англиски и германски јазик под раководство на Марија Василеска, Василка Василоска и Евгенија Ангелеска.
Целиот настан е потпомогнат и поддржан од директорката Мартина Пројческа и протојереј Љупче Петрески од храмот св. Петка.
Честит да е големиот христијански празник, на сите просветители, ученици и граѓани, за многу години да е!

ВИДЕО.

Comments are closed.