Работилница „Креативни Картаџии“ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Работилница „Креативни Картаџии“

НУ Завод и музеј – Прилеп извршувајќи ја својата едукативна мисија, организира посебна програма за учениците и младинци, преку која што, својата дејност ја приближува до учениците и младинците. Посебно подготвените содржини, дигитални презентации, тематски водења, едукативни работилници и хибридни активности се базираат на препораките на меѓународната организација УНЕСКО во делот што се однесува на културно наследство.

Целта на нашата програма е учениците и младинците што подобро да го запознаат нашето и светското културно наследство за подобро да се запознаат себе си и своето потекло, да развијат почит кон својата култура и идентитет, како би го почитувале наследството, културата и идентитетот на другите.

Во рамките на таа програма го имплементираме проектот Применување на новите методи за презентација на културно наследство заради подигање на свесноста за негова примарна заштита, кој е поддржан од Министерството за култура и туризам. 

Проектните активности се интерактивно конципирани и се посебно прилагодени на возраста на школските деца од основните училишта. Нивната реализација ќе ја поттикне промената на детската перцепција за културното наследство како стерилно и старо, а музејот како установа во којашто само продолжуваат часовите по историја и наместо наставникот треба да го слушаат кустосот. После интерактивното дружење, во рамки на проектните активности, музејот нема да се перцепира како место каде што музејските предметите се гледаат како риби во аквариум без можност да се допрат; нити пак недвижните споменици (црквите и археолошките локалитети) се секундарни извори на градежен материјал нити се сцени од  филмовите „Индијана Џонс“ каде се наоѓаат интересни предмети кои неконтролирано се присвојуваат.

Кустосите – музејските работници во медијација со наставниот кадар и школскиот персонал се обраќаат на учениците понудувајќи им интерактивни едукативни сетови (креативни картички, квиз за музејот, испревртени приказни, Карил Марко – супер херој, Петре Пагурџијата (испревртена приказна), Кркамбар каламбури (испомешана поезија), Речник на архаични зборови…)

Тек на работилница:

Дигитална презентација за музејската дејност и содржините на музејските поставки (совладување на основна терминологија и научни дисциплини)

Применување на дидактички методи – игри на маса (board games) за поттикнување на логичко размислување и критичко расудување и креативност кај учениците од 6 до 9 то одделение.

Во работилницата учествуваа деца од шестите одделенија,

под менторство на наставникот Даниела Џамбазовска.

Со посредство на м-р Паре Зареска, виш кустос во Завод и музеј – Прилеп.

Учениците и младинците се запознаа со културните вредности, ги продлабочија знаењата за сопствениот идентитет, материјалното и нематеријалното културно наследство. Критички размислуваа и логички расудуваа.

Comments are closed.