Денот на благодарноста е празник кој се прославува во Америка и се искажува благодарност. Во САД се слави на четвртиот четврток од Ноември и семејствата се собираат на свечена вечера на која што главно јадење е печена мисирка. Како дел од програмата по англиски јазик, учениците од III-4 одделение заедно со наставничката Елена Стојаноски го одбележаа овој празник со низа активности преку кои искажаа за што сè се тие благодарни.