По повод Денот на планетата Земја, учениците од второ и трето одделение од подрачното училиште во Варош, под менторство на одделенските наставнички Евгенија Димеска и Весна Црвенкоска, организираа настан под градскиот часовник.
Настанот беше поддржан од компанијата Комфи Ангел, наставничката Маја Кузманоски, ученикот Димитар Иваноски, наставничката по ликовно образование Елена Димоска, како и ученичките Јелена Стојановска, Сара Жежоска, Теодора Челебитова и Хана Граороска.
На настанот се продаваа изработки од рециклиран материјал, цвеќе и перници, а собраните средства ќе бидат наменети за подобрување на условите во училиштето. Во рамки на настанот имаше и музички изведби и ликовна работилница, што придонесе за уште поубава атмосфера.
Заедно придонесуваме за почиста и поубава животна средина!
Галерија.



