„Биди другар, а не насилник“ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

„Биди другар, а не насилник“

„Биди другар, а не насилник“  ги вклучува европските  училишта. Целта  на проектот е да се вклучи учениците кои   доаѓаат од семејства во неповолна положба со ниски можности за учење, патување или самообразование. Ученици кои имаат проблеми со наоѓањето на своето место во светот, не знаат точно како да поминат низ процес на созревање и многу често немаат поим за својата иднина, имаат проблеми со дефинирањето на своите вредности и со саморазбирањето. Ваквите  ученици ја губат самодовербата и често стануваат насилници и ги малтретираат своите соученици на различни начини, вклучувајќи сајбер малтретирање, конфликти и кавги со наставниците. Преку различни активности ќе се поттикнуваат учениците на меѓусебна соработка, почитување, сузбивање на врсничкото насилство во училиштата но и во друштвото. Сакаме да создадеме здрави, силни  личности кои ќе ја негуваат емпатијата, ќе знаат како да го препознаат врсничкото насилство, ќе знаат како да му се спротивстават на истото, ќе бидат сигурни дека ние наставниците стоиме зад нив и секогаш ќе ја имаат нашата поддршка во решавање на тешките моменти.

Во проектот учествуваа учениците од петто 3 одделение и одделенскиот раководител Ангелка Баракоска.

Учесници: Република Северна Македонија, Грција, Франција, Србија, Португалија, Романија.

Проектот опфаќа ученици на возраст од 11 – 14 години.

Предмети поврзани со проектот –  Граѓанско општество, Животни вештини, Информатика, Педагогија.

Comments are closed.