Големата издавачка куќа АРС ЛАМИНА повторно успеа пријатно да изненади! Имено во соработка со Општина Прилеп и нејзина безрезервна поддршка, оваа издавачка куќа донира по 100 наслови од детска литература, лектирна и неазадолжителна, за секое од основните училишта во нашиот град. Постапка која заслужува почит, ги развесели библиотеките, но и љубопитните очи на учениците-читатели. Нека ова биде пример и поттик и за останатите издавачки куќи – да ги насочиме малите личности кон вистинските вредности, да ја негуваме љубовта кон нејзиното височество „книга“!
БЛАГОДАРИМЕ АРС ЛАМИНА, БЛАГОДАРИМЕ ОПШТИНА ПРИЛЕП!