Овој успех е резултат на континуирана работа, истрајност и посветеност.
Му посакуваме уште многу успеси, среќа и остварување на сите соништа на новиот животен пат!
Колективот на ООУ,, Блаже Конески ” им ја честита полуматурата на сите ученици и им посакува успех во понатамошното образование!
Согласно Правилникот за избор на Првенец на генерација во учебната 2024/25 година, кандидатите согласно критериумите ги освоија следните поени:
1. Илија Јаневски од IX-3 одделение освои 289,5 поени,
2. Сара Петреска од IX-2 одделение освои 246,5 поени,
3. Никола Атанасоски од IX -3 одделение освои 213,5 поени,
4. Теодор Бошкоски од IX-1 одделение освои 155,3 поени,
5. Ева Стеваноска од IX -1 122,5 поени.