Во рамки на акцијата „Генералка викенд“ што се одржува во Прилеп, учениците од одделението 8-3 при ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп, предводени од својот одделенски наставник Дејан Ангелески, се вклучија во чистењето на просторот околу Вештачкото езеро. Со голема енергија и ентузијазам, учениците придонесоа за разубавување на оваа природна локација, покажувајќи одговорност и грижа за животната средина. Оваа активност претставува дел од пошироките напори за подигање на еколошката свест кај младите и поттикнување на заедничка одговорност за зачувување на природата. #екочас2025
Галерија.