Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одбележува секој 3 Декември. Oдбележувањето на овој ден во светски рамки е јавно промовирано за прв пат во 1992 година од Обединетите нации.Попреченоста може да биде не само физичка, туку и когнитивна, ментална, сетилна, емоционална, развојна или некоја комбинација од нив. Попреченоста може да биде присутна од раѓање или да се појави во текот на животот на една личност. „Попреченост“ е општ поим, кој опфаќа оштетувања, ограничувања во извршување на активности или непречено учество во истите. Поединецот, исто така, може да се квалификува како лице со попреченост.
доколку тој или таа имал оштетување во минатото или се смета за онеспособен/а врз основа на личен или групен стандард или норма.
Оваа година стручниот соработник од ООУ „Блаже Конески“ Прилеп, психолог Ана Талеска,наставничката Гордана Џокоска и образовниот асистент Оливера Вецеска преку работилница под мотото ”СИТЕ ДЕЦА ИСТО СЕ СМЕАТ” со учениците од 4-4 одд. на креативен начин испратија пораки и поддршката за разликите во кои живееме во насока на градење на инклузивно општество.
This message is only visible to site admins
Problem displaying Facebook posts.
Error: Error validating access token: The session has been invalidated because the user changed their password or Facebook has changed the session for security reasons.
Type: OAuthException
Code: 190
Subcode: 460
Type: OAuthException
Code: 190
Subcode: 460