Денес по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик учениците од III 1 и III 2 одделение под менторство на наставничките Наташа Димеска и Наташа Ристеска организираа работилница под мотото “Мојот јазик, тоа сум јас” на која се запознаа со значењето на мајчиниот јазик и поводот за одбележување на овај ден. Во светот денес се зборуваат околу 6500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување. Работилниците одовај тип ќе овозможат да го зачуваме и негуваме нашиот јазик.
Види галерија.