ДЕТСКА НЕДЕЛА „Детето денес - иднината утре“ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

ДЕТСКА НЕДЕЛА „Детето денес – иднината утре“

По повод Детската недела, во нашето училиште по втор пат се одржа хепенинг проследен со низа активности:
Хуманитарна акција – ОД ДЕЦА ЗА ДЕЦА !
Учениците од нашето училиште донираа играчки за Детската градинка
“Бајка “.
Донираа училишен прибор , средства , за децата од ранливи категории и книги за збогатување на училишниот фонд во нашата библиотека.
Компанијата КОМФИ -АНГЕЛ донираше перничиња, подарок за децата од
Детската градинка “Бајка “.
Компанијата ОКИ-ДОКИ ФООДС ДОО с.Крушеани, Кривогаштани, донираше ајвар.
Пекарата АНТОМОС донираше леб.
Голема благодарност до сите ученици од нашето училиште, нивните родители и компаниите кои беа дел од овој хепенинг.
ХУМАНОСТА- ТЕМЕЛ ВО МЕЃУЧОВЕЧКИТЕ ОДНОСИ! ПОКАЖАВМЕ, ДОКАЖАВМЕ! БРАВО ЗА СИТЕ!
-Приредба исполнета со детска радост, песна и игра од учениците од VI -3 одделение , училишниот хор и Димитар Иваноски од VIII-1 одделение.
Учениците со своите настапи ја пренесоа пораката за другарство , семејство, љубов, почит и детска среќа, потсетувајќи нè дека секое дете заслужува љубов, внимание и грижа.
Учениците од IV -3 и V -3 одделение подготвија скромни подароци за дечињата од Детската градинка “Бајка “.
Учениците од V -1 ја посетија Детската градинка “Бајка ” и донираа играчки.
Учениците од VII -4 ни го пренесоа вкусот на традицијата, не засладија со вкусен ајвар.
Учениците од. III – 1 и III-3 одделение им пренесоа на најмладите дека спортот е важен дел од животот , а воедно може да биде и забавен.
Учениците од IX – 4 помогнаа во организацијата на штандовите и сценскиот настап.
Учениците кои посетуваат проекти од информатика го изработија флаерот со кои беа информирани учениците, родителите, наставниците, локалната заедница за овој настан.
Голема благодарност на сите ученици, наставници, родители, компании и гости од Детската градинка “Бајка ” кои земаа учество и придонесоа овој настан да биде успешен и исполнет со позитивна енергија. Со заеднички труд и насмевки, уште еднаш покажавме дека детската радост е најголемата и најубавата награда!
Настанот беше поддржан и поткрепен од директорката на нашето училиште, Мартина Пројческа и стручните соработници .
Благодарност до ученикот Лорин Кочоски за поддршката , за видео записот со кој овој настан ќе се открадне од заборавот!

 

Comments are closed.