ДОБРЕДОЈДЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА СО НЕКОЛКУ ЗНАЧАЈНИ РЕНОВИРАЊА И ДРУГИ АКТИВНОСТИ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

ДОБРЕДОЈДЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА СО НЕКОЛКУ ЗНАЧАЈНИ РЕНОВИРАЊА И ДРУГИ АКТИВНОСТИ

ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп им посака добредојде на учениците во новата учебна година со неколку значајни реновирања и други активности спроведени во текот на летото со цел да се подобри средината за учење и престојот на учениците во училиштето.

Прво предниот дел на училишниот двор е доуреден, со што е добиен нов лик на влезот во училишниот двор.Дополнително, со гордост известуваме за почетокот на изградбата на спортската сала, објект кој на учениците ќе им понуди најсовремени услови за изведување на наставата по физичко образование како и други воннаставни активности.

За дополнително збогатување на нашето академско опкружување, активиран е системот за звук низ училиштето,кој ќе го промени начинот на дневните соопштенија, дел од настапите во училиштето и ќе обезбеди јасна комуникација и привлечна атмосфера.

Исто така имплементиран е сеопфатен систем за дренирањеоколу дел од училишната зграда, со што се решија дел од претходните проблеми и се обезбеди безбедна, сува средина за сите.

Почетокот на новата учебна година, нашето основно училиште ќе ја започне со нова опрема

во Кабинетот по Информатика. Старите компјутери, кои ни служеа 20-тина години, се заменети со

најсовремени, модерни компјутери. Овие нови компјутери ќе им овозможат на нашите ученици

работа со побрза, посигурна технологија, овозможувајќи им да го подобрат своето учење со

најновите образовни алатки и софтвер и да успеат во денешниот дигитален свет. Со нетрпение очекуваме да видиме како нашите ученици напредуваат со оваа подобрена технологија.

Оваа активности се дел од посветеноста на Раководниот кадар во училиштето и Локалната средина.

Им благодариме на сите кои не поддржуваат и ниовозможуваат да го направиме нашето училиште подобро место за учење, растење и успех!

Comments are closed.