Денес во нашето училиште учениците од IV-4 одделение заедно со наставничката Елена Стојаноски реализираа едукативна и креативна активност посветена на здравата исхрана.🥗🥪
Учениците имаа можност практично да подготвуваат здрави сендвичи, при што научија повеќе за значењето на правилниот избор на намирници и балансираната исхрана.
Преку вакви активности поттикнуваме развивање на здрави навики, самостојност и тимска работа кај учениците.
Горди сме на нивниот ангажман, креативност и ентузијазам!
Галерија.



